amblem
 
 

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

ЈЗУ Клиничка болница Битола е регистрирана на 05.07.2005 год. како континуитет на Општата болница Битола и пружа здравствена заштита на пациентите од југозападниот регион на Македонија. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови успешно да се лекуваат сите видови заболувања со најсовремени дијагностичко-терапевтски методи.


ЕВРОПСКО ЗДРАВЈЕ - СЕГА!

Основната мотивација за реформите во болницата е достигнување на посакуваните европски стандарди во здравствениот систем на локално ниво . Основен смисол при постигнување на таквите стандарди е достигнувањето на состојба каде ке се води целосна грижа за пациентот, ке му се пружи комплетна услуга, по највисоките современи медицински правила И техники. Целосната грижа за пациентите од медицински стручен И од социјален аспект е една од апсолутните цели кои треба да бидат постигнати. Таквата грижа мора да се води не само од влегување до излегувањето во болничката врата, но за цело време на постоење на болеста на пациентот до постигнување на апсолутно здравје. За таквата грижа осбено важен е постојаниот контакт со пациентот И неговото семејство. За таквата состојба да биде постигната потребно е да се реализира пружањето на комплетна услуга на пациентот. Таквата особина на медицинските услуги означува дека пациентот ке ги добие сите можни потребни услуги на едно место- во КББ: ефикасно, брзо, едноставно, евтино. И Што е најважно квалитетно. За квалитетот се грижи и го негува високо стручен кадар кој е потврден во дејноста, со традиција на современа медицина повеке од 20 години, со достигнати многу стручни И научни титули од највисоко ниво на специјализации, субспецијализции, магистериуми И докторати И произведени многубројни стручни И научни трудови. Таквата силна база на човечки ресурси е сигурен гарант дека со: брза и лесна адаптација на медицинските технологии, набавка на современа техника која моментно недостасува И со кратки додатни едукативни програми лесно ке се достигнат најсовремените стандарди на лекување И најквалитетните дијагностичко-терапевтски протоколи. Истите ке можат да се применуваат најдоследно- без никаков проблем.


ИСТОРИСКИ ПОДАТОЦИ

Постојат пишани податоци за медицински активности на овие територии уште од античките времиња. Таквите активности биле изведувани во Асклепиевиот храм. Следните хронолошки податоци датираат од 13 век И се особено квалитетни И обемни. Главниот лекувач во тие времиња , свештеникот Варвар Охридски, бил директен ученик на Климент Охридски. Тој занаетот го изучил во болницата на Плаошник, која била интегрален дел од најстариот универзитет во Европа. Бројни податоци постојат за медицински активности , особено од организиран тип на формирање на болници, во отоманскиот период И во периодот мегу двете светски војни. Почетоците на современиот здравствен систем датираат од периодот по Втората светска војна со основање на повеке медицински институции од амбулантски тип во регионот и со повторно отворање на градската општа болница која постоела пред војната. Високи стандарди на организиран здравствен систем се постигнуваат со интегрирање на сите медицински институции од амбуланстски тип и градската општа болница под заедничка управа во 1966 год и со градење на новиот објект на Градската општа болница во 1970 год. Болницата во 2005 год. се прогласува за Клиничка болница, мегу најдобрите по обем на пациенти и стручен квалитет во Македонија.


ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Болницата располага со сите оддели кои се законски пропишани за Клиничка болница. Во неа рутински се изведуваат сите медицински интервенции кои се од секундарно стручно медицинско ниво, како И голем број на интервенции кои се од класата на терциерно стручно медицинско ниво. Медицинскиот кадар е искусен, систематски стручно оспособуван со децении и е голем потенцијал за натамоШен силен развој на медицнските дејности. Медицинската опрема со која располага болницата е во функционална состојба, но поголем дел стара и по 20-30 години. Есенцијално се потребни современи дијагностичко терапевтски апарати кои денес претставуваат conditio sine qua non за секоја современа болница.


ГЕОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

ЈЗУ Клиничка болница Битола е сместена во поширокото централно градско подрачје на Битола. Преку повеќе објекти се протега на површина од околу 110000 м2 со вкупно 35000 м2 изградена површина во функција на секундарна и терциерна здравствена заштита.


КАДРОВСКА ЕКИПИРАНОСТ

ЈЗУ Клиничка болница Битола располага со проверен и професионален стручно медицински кадар од 208 лекари специјалисти. Вкупниот број на вработени на 31.12.2006 год е 891.Просечна старост на вработените е 47 години. Само на лекарите просечната старост е 50 години.


ОПРЕМЕНОСТ

ЈЗУ Клиничка болница Битола располага со модерна опрема од висока технологија помеѓу кои би ги издвоиле :
- 12 операциони сали со комплетна инфраструктура и инструментариум
- 8 кревети за интензивна нега и реанимација со потребна инфраструктура
- Комплетна РТГ и ехо дијагностика
- КТ дијагностика
- СПЕКТ Гама камера
- Комплетна ендоскопска дијагностика (уролошка, гинеколошка, хируршка и интервентна)
- Лапароскопија
- Артроскопија
- Офталмолошки ласер
- 1 базен со комплет апарати за физикална терапија ЕМГ И ЕЕГ
Бронхоскопија
- комплетен информатички систем/хардвер и софтвер/