![]() |
![]() |
|
|
15/10/2008 Пуштена во употреба ВИП-собата на неонатолошкото одделение
Свеченото пуштање во употреба на ВИП-собата на неонатолошкото одделение, опремена со донација од приватна фирма, во која родилките ќе имаат на располагањ е: телевизор, компјутер, клима-уред и 24-часовна специјална нега. Во собата, постои и посебно уреден амбиент со сите помагала за новороденчето и за мајката, како и засебен тоалет. 21/04/2008 Нова донација од Македонската мисија за хуманост
Во Клиничката болница Битола пристигна нова донација од Македонската мисија за хуманост. Во име на ММХ, Г-га Весна и Г-дин Џон Палмер, испратија Хјулит Пакард сервер за потребите на битолската болница. Затоа Директорите на КББ, Кузмановски и Бошевска, изразија најголема благодарност по повод 7 март, денот на здравјето. По тој повод им беше доделена благодарница за голем придонес за Битолската болница на Г-дин и Г-га Палмер. 01.03.2008 Работилница за управување со мали и средни болнички системи во Еврорегион - можности и ризици
Здружението за Македонско-Шведско пријателство од Битола во соработка со Клиничката болница од Битола е организатор на „Работилница за управување со мали и средни болнички системи во Еврорегион- можности и ризици“, која ќе се одржи на 13.03.2008 година во просториите на Малата сала на Центарот за култура-Битола, со почеток во 11 часот. Идеата за организирање на семинарот произлезе од интензивната соработка со Државната болница од Халмстад, област Халанд во Шведска која досега на неколку пати несебично донира медицинска опрема за битолската болница. Согледувајќи ја успешната работа на таа болница, и знаејќи го фактот дека во 2006 година беше избрана за најдобра во Шведска, дојдовме до заклучок дека од нашите искрени пријатели од Халмстад имаме многу важни работи кои треба да гу научиме на тема - успешно управување со модерна болница од западноевропски тип. Работилницата ќе опфати точка за „Презентација на болниците од нивните менаџерски тимови“ и отворена дискусија за „Еврофондовите и меѓудржавната еврорегионална соработка“.Покрај Државната болница од Халмстад од Шведска и Клиничката болница од Битола, во работилницата ќе учествуваат и претставници на болниците од Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Кавдарци, Д.Хисар и Ресен. 21.08.2007 Започна реконструкцијата на санитарните јазли во болницата
Започна реконструкцијата на санитарните јазли во болницата. Работите интензивно се одвиваат на Одделот за интерни заболувања, а ке продолжат и на другите оддели. Со тоа пациентите ке добијат пристојни услови за одржување на личната хигиена за најкратко можно време. |
||